Добредојдовте во „Пијанoфорте“

„Пијанофорте“ е училиште за уметност, кое нуди настава по музика, по пишување, по ликовни уметности и по актерство.

 

Основачи се:

Г-ѓа Марина Чадо - дипломиран виолинист на светски престижниот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва, Русија;
Има богато концертно и педагошко искуство и е долгогодишен раководител на музичко училиште во Љубљана, Словенија.

Г-ѓа Виолета Стефановска-Шуковиќ - дипломиран пијанист, со завршени постдипломски студии по пијано во Австралија и со децениско педагошко искуство и концертирање.

Основни начела на „Пијанофорте“ се:

- секој човек, без оглед на возраста, може да се занимава со уметност;
- да подучува и учи, а не да предава;
- да биде во тек и да ги применува современите светски образовни насоки;
- да користи нови и докажано успешни наставни пристапи.

Ученикот во „Пијанофорте“ ќе може:

- покрај на македонски, да учи и на англиски јазик;
- на творечки и забавен начин да ги совладува програмата и наставниот план;
- неусетно и со леснотија да ги достигнува потребните вештини;
- постојано да созрева како уметник;
- самоуверено јавно да настапува.

 

Статистика

Гледања на содржината : 35284

Моментално Присутни

Има 1 гостин моментално присутни

Контролирај ја почетната музика

You must have Flash Player installed in order to see this player.

Прашалник

Омилена музика? / Favorite music